Friday, May 29, 2009

Петре Филиповски- Гарката (? – 1854)

Петре Филиповски - Гарката (? – 1854)
Роден е во с. Гари во втората половина на 18 век. Не е познато каде учел резбарство и зографство. Носел прекар Теладур, како и неговиот брат Марко, кој исто така бил резбар. Негова прва датирана работа е иконостасот во манастирот Св. Гаврило Лесновски (започнат 1811 г, а завршен 1814 г.). Автор е и на иконостасот во скопската церква Св. Спас, каде што покрај него работел и Макарие Фрчковски од Галичник и брат му Марко до 1824 г. Не се знае каде тој работел во периодот од пет години потоа, но се претпоставува дека тоа било во комплексот конаци на Хавзи-паша во с. Бардовци како резбар и зограф. Во призренската црква Св Ѓорѓи тајфате на Петре го изработила Големиот крст како и други резби, а во Призрен и околината работел разбани таваници во беговските конаци. Извонредни уметнички остварувања на Петре Филиповски - Гарката се иконостасот, владичкиот и игуменскиот трон во манастирот Бигорски. Таму рааботеле поголем број мајстори-резбари и помошници: Макарие Фрчковски, брат му Марко, Димитар Станишев, Аврам од Филиповци од с. Осој и Симон Максевски од с. Требиште. Иконостасот, владичкиот трон и амвонот во црквата Св. Богородица во Скопје е заедничко дело на Гарката, Макарие Фрчковски, Димитар Станишев и Никола Дамјанов.
Тајфата на Гарката го рааботела иконоистасот во црквата на с. Магарево – Битолско, но без нивниот мајстор. Денес тој (нецелосно) е поставен во битолската црква Св. Богородица.
Скоро пет години (1838-1843) Петре Филиповски, заедно со Димитар Станишев работел на иконостасот и друга резба во големата црква на Рилскиот манастир, заедно со прочуениот Атанас Теладур.
Меѓу последните работи на Гарката е иконостасот на црквата Св. Никола во Крушево (изгорен 1903 год.) и владичкиот трон на црквата Св. Благовештение во Прилеп, каде што неговиот зет Димитаре Станишев сосема самостој но ги изработил иконостасот, амвонот и тронот на Хаџи-Ристе Логотегот.
Умрел полуслеп, во Крушево, 1854 година.